Џенифер Лопез повторно ги „запали“ социјалните мрежи: Заводливо летно издание од бела чипка

Точка

19/06/2022

18:41

23.807

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез деновиве имала многу обврски во Лос Анџелес поради снимањето на нов проект.

Со неа на сетот биле нејзиниот партнер Бен Афлек и синот Макс. Во нејзиното семејство владее хармонија, исто како и на полето на нејзиниот стил.

Познатата Џеј Ло, за која се шпекулира дека неодамна се омажила за актерот и режисер Бен Афлек, на снимање се појавила во светол летен бел фустан, идеален за овој период од годината.


Фустанот бил првото модно задоволство, додека нејзините чевли го привлекле вниманието на љубителите на модата. Поточно, широко популарни еспадрили. Знаеме дека огромен број жени ги сакаат, со години.

Тие се одлична замена класичните влечки, кои исто така сè уште се актуелни. Но, ако не ви е пријатен чекорот во нив, тогаш посегнете по решението кое го применила Џенифер Лопез.


Џенифер Лопез, која зад себе има три брака, минатата година ја обнови врската со Афлек. Славната двојка се забавуваше пред 20-ина години и беше дури на чекор од брак. Според некои извори, тие оваа година не ја пропуштиле шансата за брак.

Потсетуваме, Бен Афлек беше во брак со Џенифер Гарнер со која има три деца, додека Џеј Ло со поранешниот сопруг Марк Ентони ги доби бизнаците - синот Макс и ќерката Ема.




Спонзорирани линкови

Маркетинг