Како изградбата на вечниот пат Кичево-Охрид на кинеската компанија по загубата од 19 милиони евра, лани и донесе добивка од 7 милиони?!

Точка

17/06/2022

19:17

66.920

Големина на фонт

а а а

„Синохидро корпорејшн лимитед – Пекинг, подружница Скопје“ која го гради автопатот Кичево-Охрид минатата година остварила добивка од дури 7 милиони евра, покажуваат податоците од платформата на БизнисМрежа.мк.

Во 2020 година пак, компанијата била во загуба од 19 милиони евра, но во 2019 била во добивка од 24 милиони евра!

Кинеската комапнија во македонската јавност беше прифатена со големи резерви уште откако се најави дека таа ќе биде главен изведувач на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип.

Финансиски показатели за „Синохидро корпорејшн лимитед“

Извор на податоци: БизнисМрежа.мк.

Според финансиските податоци може да се види дека „Синохидро корпорејшн“ работeл со висока стапка на профитабилност. Односно, од наплатените 59,5 милиони евра од државната каса за своето работење, имал добивка од 7 милиони евра, или таканаречената стапка на профитабилност како сооднос меѓу приходот и добивката му била дури 11,76%.

Инаку, камен-темелникот на автопатот Кичево – Охрид се постави на 22 февруари 2014 година. За изградба на автопатот, Македонија подигна кредит од кинеската Ексим банка. „Синохидро“ требаше да го изгради автопатот за 4 години. Во меѓувреме се открија многу недостатоци на проектот. Сите анекси на договорот значјано ја зголемија неговата цена – од 374 милиони евра на 600 милиони евра! Заедно со автопатот Миладиновци – Штип, кој веќе е пуштен во употреба, и со каматите кон Ексим банка, автопатите чинат околу 1,1 милијарди евра.

Остатоткот од текстот можете да го прочитате ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг