(Видео) Маж истетовирал „Nike“ патики на стапалата затоа што му здодеало да купува нови: „Ова беше најголемиот предизвик“

Точка

15/06/2022

18:43

17.992

Големина на фонт

а а а

Уметник за тетоважи од Манчестер на социјалната мрежа ТикТок споделил видео од необична тетоважа која ја направил, а на неименуваниот маж му ги истетовирал омилените „Nike“ патики на стапалата.

Мажот којшто сакал да заштеди пари побарал помош од Деан Гантер, да се позанимава со единствен зафат по што тетоважа уметникот станал вирален поради тоа што му исцртал реалистичен приказ на патики. Овој 34-годишен уметник којшто поседува студио за тетоважи во Манчестер, споделил како нацртал дизајн од „Nike“ патики на стапала на свој клиент.

Уметникот кажал дека му биле потребни приближно два часа за цртање и уште осум часа за нанесување мастило на двете стапала.

Гантер којшто се преселил во Велика Британија пред пет години, за „NeedToKnow“ изјавил:

„Сакав да создадам илузија дека личноста носи патики, иако е боса. Тоа дефинитивно ќе ве натера да погледнете двапати. Да нацртате тетоважа со слободна рака е вистински предизвик.

Морав да се погрижам сè да тече по контурите на телото. Шаблонот во овој случај не би функционирал, така што сè исцртав со слободна рака“, вели уметникот.

Тој открил дека неговиот клиент бил „изморен од плаќање на нови патики, па одлучил да си го истетовира омилениот пар „Nike“ патики“.

По завршувањето на сесијата, Гантер ја споделил својата практична работа на социјалните мрежи и оттогаш станал вирален, добивајќи над 11.000 прегледи само на социјалната мрежа ТикТок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг