(Видео) Почна протестот за поддршка на Алабаковски: „Херојски и партизански чин“

Точка

08/06/2022

18:59

6.371

Големина на фонт

а а а

Битолчани се собраа на протест во одбрана на познатиот пејач Ламбе Алабаковски, за кој судот одредеи мерка осумдневен притвор во прилепскиот затвор за потпалувањето на вратата на клубот „Ванчо Михајлов“.

На прашањето на новинарката зошто обвинителството се одлучило за притвор, адвокатот на Алабаковски вели:

„Обезбедувањето на неговото присуство можеше и со други не толку ригидни мерки, па дури и куќен притвор.Одговорно тврдам дека зад тоа што го стори Ламбе не стои никој, ниту самиот се оправдува“.

Дел од граѓаните кои излегоа на протестот изјавија дека Ламбе направил херојски чин, потоа, дека го направил истото она што го „направиле партизаните во Втората светска војна“, а дел од граѓаните велеа дека Алабаковски направил нешто што секој Македонец требало да го направи.

Дел од нив сметаат и дека Владата е принудена да го апси.

Инаку, настанот се случи во саботата утрото, кога Алабаковски истурил шише бензин и го запалил влезот на Центарот, а е уапсен три дена по инцидентот. МВР потврди дека 34-годишниот пејач го признал делото.

За Алабаковски од Обвинителството е поведена постапка за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“ и побаран притвор од основано сомнение дека пејачот може да се даде во бегство, затоа што има двојно државјанство – македонско и американско.




Спонзорирани линкови

Маркетинг