Јавноста на нозе по притворот на Алабаковски! Вечерва масовен протест во Битола - ќе се бара слобода за пејачот

Точка

08/06/2022

11:59

4.544

Големина на фонт

а а а

Денеска во Битола во организација на партијата Левица, во 18 часот ќе се одржи протест за поддршка на пејачот Ламбе Алабаковски.

Многумина на социјалните мрежи изразуваат поддршка за Алабаковски чие дело го сметаат за херојство, нудејќи му и помош.

Оттука и очекувањата за масовен одзив на лица од Битола, но и од сите делови на Македонија за денешниот протест пред полициската станица во Градот на конзулите.

Згрозени од неоврховизмот на актуелната власт и министерот Оливер Спасовски, кој веднаш побара притвор за палењето на...

Posted by Левица on Tuesday, June 7, 2022

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против Алабаковски за кривичното дело – предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, што предвидува затворска казна од шест месеци до пет години.

„Тој што со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јонизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејствие или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години“, се наведува во Кривичниот законик.

За потсетување, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера преку Фејсбук информираше дека случајот со подметнатиот пожар е веќе расчистен и има приведен што го признал делото.

Подоцна се откри идентитетот на приведениот, односно дека станува збор за пејачот Ламбе Алабаковски. МВР исто така побара одредување мерка притвор поради тоа што, како што нагласи Спасовски, исполнети се условите по однос на таквото барање.




Спонзорирани линкови

Маркетинг