Експертите за угостителство откриваат зошто постелнината во хотелите секогаш е бела – причината можеби и не сте ја знаеле

Точка

08/06/2022

12:52

18.659

Големина на фонт

а а а

Во било кој хотел да престојувате, постелнината е секогаш бела. Дали сте се запрашале зошто тоа станало непишано правило?

Без оглед на тоа дали станува збор за луксузен или пак помалку луксузне хотел, речиси никаде нема да забележите шарена постелнина или пак постелнина во некоја друга боја освен бела.

Можеби дури и ќе ви делува апсурдно – токму белата боја најлесно се валка и на неа се највидливи сите нечистотии.


Меѓутоа, причините за тоа се повеќе од психолошка природа. Во прв ред, белата постелнина асоцира на уредност, свежина и чистота. Освен тоа, на потсвесно ниво оваа боја асоцира и на луксуз – дури и доколку не сте во некој престижен хотел, ќе стекнете впечаток како да сте.

Експертите за угостителство и хотелиерство сметаа дека белата боја на гостите влијае позитивно, односно таа им овозможува и подобра перцепција на хотелот, но се смета и дека придонесува во подобриот квалитет на сонот.

Некои истражувања покажале дека оваа боја нè прави посмирени и помалку напнати. А, тоа го објаснува и фактот што токму таа е избор на секој хотел.


Постои уште една практична причина – оваа боја одговара на сè. Без оглед на тоа кои други бои преовладуваат во хотелската соба, белата е неутрална и ќе се вклопи во секаква нијанса, додека пак со другите бои тоа не е случај.

Веројатно сте забележале дека ист случај е и со хотелските пешкири. Но, во овој случај постои практична намена. Станува збор за тоа дека белата постелнина, пешкирите и другите слични ткаенини можат да се перат заедно без никакви грижи, а покрај тоа не постои можност за непосакувано избелување или пак мешање на боите по перењето.