(Фото/Видео) Почнаа гужвите на бензинските! Огромни редици по објавувањето на новите цени на бензините

Точка

31/05/2022

19:12

6.269

Големина на фонт

а а а

По информацијата за огромното зголемување на цените на нафтените деривати почнаа да се создаваат редици пред бензинските пумпи.

Цената на бензинот од 95 октани се зголемува за 9 денари и литар ќе чини 104 денари. За толку поскапува и дизелот и ќе се точи по цена од 95 денари за литар. Цената на бензинот од 98 октани ќе се зголеми за 9,5 денари и литар ќе изнесува 106, 5 денари.

Оваа корекција Регулаторната комисија ја направи откако на владина седница се донесе одлука од утре ДДВ за горивата наместо 10 да биде 18 отсто, а повеќе нема да се намалува ниту акцизата која со владините мерки во зависност од светските берзи паѓаше за 1 до 3 денари.


Експертите претходно предупредија дека ако не се преземе нешто откако ќе престане нивната важност, цените нагло ќе пораснат, а тоа ќе се одрази врз стандардот на граѓаните, инфлацијата ќе се зголеми, но од друга страна ќе се полни буџетот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг