Старински рецепт кој освежува и лекува: Вака се прави сок од бозел

Точка

31/05/2022

18:24

30.955

Големина на фонт

а а а

Ништо не освежува подобро во летните денови од чаша сок од бозел.

Потребни состојки:

- 40 цветови бозел

- 5 литри вода

- 4 кесички лимонтус

- 4 цели лимони

- 3 кг. шеќер


Подготовка на сируп од бозел:

Цветовирте од бозелот наберете ги само кога надвор е сончево. Ставете ги цветовите во вода. Лимонот добро измијте го во раствор од сода бикарбона, пресечете го на кругови, па додадете ги цветовите од бозел.

Промешајте и ставете на ладно и темно место да отстои 24 часа.

Наредниот ден процедете ја течноста, па додадете го шеќерот и лимонската киселина и измешајте. Потоа сокот ставете го во шишиња и чувајте го на ладно и темно место.