(Видео) Убиецот пред масакрот во Тексас и’ испратил порака на непозната девојка: „Имам мала тајна“

Макфакс

25/05/2022

11:49

12.045

Големина на фонт

а а а

Осумнаесетгодишниот Салвадор Рамос кој уби најмалку 19 ученици и двајца учители во основното училиште Роб во Тексас, пред масакрот на социјалните мрежи објави фотографии од оружјето што го купил за својот 18-ти роденден.

Непосредно пред пукањето на фотографија од оружјето означил непозната девојка. „Имам мала тајна. Сакам да ти ја кажам. Биди благодарна што те означив”, и’ напишал тој во преписката, на што таа одговорила: „Тоа е страшно. Едвај те познавам, а ти ме означуваш на фотографија со некои оружја”.

Преписката ја објавила девојката, а набргу потоа содржината била отстранета. Рамос пред масакрот во училиштето пукал и во својата баба која е во болница и се бори за живот.

Осомничениот 18-годишен напаѓач купил две пушки на својот 18-ти роденден, изјави сенаторот од Тексас, Роланд Гутиерез.

„Тоа било првото нешто што го направил кога наполнил 18 години“, рече тој.

Детали од приватниот живот на убиецот од Тексас: Исмејуван поради говорната мана, имал лоши семејни односи

Салвадор Роландо Рамос, 18-годишниот напаѓач кој застрела и уби 21 лице, вклучително и 19 деца во училиште во Тексас, работел како ноќен менаџер во Венди, мала заедница во градот Јувалди, пишуваат медиумите.

Облечен во панцир, влегол во основното училиште Роб со пиштол и полуавтоматска пушка отворил оган врз децата. Се уште не е познат мотивот за овој страшен масакр.


Американските медиуми цитираа луѓе кои го познаваат и рекоа дека „сакал да се шегува“. „Њујорк тајмс“ разговараше со неговите колеги на работа и тие рекоа дека никој навистина не го познава.

Според Њујорк Тајмс, родителите, кои рекле дека се пријатели на семејството на напаѓачот, го опишале како лошо момче. Еден од нив се присетил дека Рамос често се допишувал со мајка му кога бил помлад. Сепак, и двајцата беа изненадени што тој може да биде способен за такво насилство.

Државната полиција соопшти дека Рамос ја застрелал и критично ја ранил својата баба во нејзината куќа, на адресата дадена од напаѓачот во неговата возачка дозвола, пред да замине на училиште. Некои медиуми објавија дека тој ја убил, но тоа не е официјално потврдено.

„Вашингтон пост“ ги цитира неговите пријатели и роднини кои го опишуваат како осамен 18-годишник кој бил „малтретиран поради говорна мана како дете, страдал од тежок семеен живот и насилно напаѓал врсници и непознати луѓе и со текот на годините.”


Рамос наводно го напуштил училиштето откако редовно бил малтретиран.

– Пред околу една година Рамос на социјалната мрежа објави фотографија од автоматска пушка на својата „листа на желби“. Пред четири дена тој објави фотографии од две пушки, кои ги опиша како „фотографии од моето оружје“, изјави еден од неговите пријатели за „Вашингтон пост“.

Во неколку извештаи се наведува дека Рамос имал нарушен домашен живот со чести кавги со неговата мајка, која наводно е наркоманка.

По нападот Рамос бил застрелан од полицијата, пренесуваат медиумите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг