Од Ријад до Техеран небото има портокалова боја: Невидена песочна бура го парализирала Блискиот исток

Точка

24/05/2022

12:29

1.781

Големина на фонт

а а а

Бурата пратила илјадници луѓе од Блискиот исток во болници претходните недели, а најмалку едно лице починало во Ирак и три во Сирија.

Во делови на Блискиот исток на жителите им е кажано да останат дома, додека летовите се откажани поради најновата песочна бура, за која се вели дека е досега невидена во тој регион.

Бурата пратила илјадници луѓе од Блискиот исток во болници претходните недели, а најмалку едно лице починало во Ирак и три во Сирија. Бурата прекрила делови од Иран, Кувајт и Саудиска Арабија.

Виновни климатските промени

Метеоролошките експерти и службеници ги обвинуваат климатските промени и слабите регулативни влади во тие земји. Песочните бури се потпомогнати од сезонските ветрови и се типични за овој период.

Меѓутоа, оваа година вакви бури имало речиси секоја недела во Ирак, почнувајќи од март.

Од Ријад до Техеран, во понеделникот небото имало портокалова боја поради песочната бура. Ирачките власти апелирале до граѓаните да останат дома бидејќи се предвидуваат нови бури.

Министерството за здравство подготвило резерви кислород во медицинските установи во областите кои ќе бидат најпогодени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг