Се огласи сестрата на Матеј Периш: „Белград, никогаш повеќе...“

Точка

23/05/2022

17:51

11.144

Големина на фонт

а а а

Сплиќанецот Матеј Периш после 5 месеци потрага е пронајден кај Ада Хуја, а обдукцијата и наодите го потврдија неговиот идентитет.

Меѓутоа, агонијата на неговото семејство не е завршена.

Министерството за внатрешни работи на Србија официјално соопшти дека со ДНК анализа на телото пронајдено во Дунав, на Ада Хуја, е утврдено дека се работи за хрватскиот државјанин Матеј Периш.

Имено, неговата сестра Андреа Периш се огласи на социјалната мрежа ТикТок и објави видео од безбедносните камери, кои последен пат го снимиле жив нејзиниот брат.


На видеото што го објави се гледа како Периш трча и излегува од клубот на Саванова.

Таа под видеото напишала: „Едноставно никогаш повеќе нема да одам во Белград на вода, ниту да се шетам низ Бетон Хала, а особено нема да влезам во клубот Готик... Матеј, сите те сакаме“.

На крајот од описот, таа ставила емотикон од скршено срце.

За потсетување, Периш исчезна ноќта помеѓу 30 и 31 декември, а потрагата по него траеше цели 5 месеци, на крајот беше докажано дека причината за смртта е ненасилно давење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг