Примиле Украинка дома како бегалка од војната, па сопругот ја оставил жената поради неа: „Јас не сум уништувач на семејства“

Точка

23/05/2022

22:33

29.520

Големина на фонт

а а а

Тони Генет од Бредфорд ја напуштил сопругата Лорна откако се заљубил во Софија Каркадјим, украинска бегалка која на почетокот на инвазијата го напуштила својот роден град Лавов …

Украинката Софија Каркадјим се огласила по бројните медиумски написи за тоа дека поради неа Тони Генет ја оставил својата сопруга.

„Не планирав да го растурам семејството. Тоа не ми падна на памет. Ми се допаѓаше тоа семејство. Минав некое време со нив, но сопругата на Тони, Лорна, беше дволична. Постојано беше сомничава. Тие тензии само не зближија мене и Тони“, рекла Украинката која побегнала од Лавов.

„Ја исконструира целата ситуација. Постојано зборуваше дека има нешто меѓу нас, кога навистина немаше. Ова е нејзина вина“, додава Софија.


Потсетуваме, Тони Генет од Бредфорд ја напуштил сопругата Лорна откако се заљубил во Софија Каркадјим, украинска бегалка која на почетокот на инвазијата го напуштила својот роден град Лавов.

Оставената сопруга и мајка на три деца го споделила својот бес. Вели дека и е скршено срцето откако долгогодишниот партнер одлучил да ја остави поради Софија, само десетина дена откако ја примиле во својот стан како украинска бегалка.

Софија побегнала од Лавов во западна Украина. Тони, вели, и се допаднал веднаш кога го видела, пишува „Daily Mail“.


Лорна за „The Sun“ рекла дека верува дека Софија од почетокот целела на нејзиниот сопруг, а кога одлучила дека го посакува, веднаш го освоила.

„Се што знаев се преврте наопаку во период од две недели“, рекла таа.

„Одлучив дека правилна работа на некого да му ставам кров над глава и да му помогнам кога е во очајничка потреба. И еве како му се оддолжи Софија што и дадов дом“, рекла бесната сопруга.


Тони, во желба да помогне, се пријавил во владината програма за помош на украински бегалци, но кога од нив не добил одговор, станал нетрпелив и им понудил помош на украинските бегалци преку социјалните мрежи.

Ја примил Софија во домот каде живеел со партнерката Лорна, со која има три деца. Набрзо почнале долги разговори, прошетки, што и пречело на неговата сопруга. Тони со Софија зборувал на словачки јазик, па неговата сопруга не можела да го разбере разговорот и станувала се пољубоморна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг