Кортни Лав открила дека Џони Деп ѝ го спасил животот откако се предозирала

Точка

23/05/2022

09:50

5.718

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Кортни Лав открила дека Џони Деп ѝ го спасил животот по предозирање со крек и со тоа ѝ помогнал во најмрачниот период од нејзиниот живот.

„Ми пружи прва помош откако се предозирав пред клубот „The Viper Room“ во Лос Анџелес. Тогаш бев зависник од хероин, беше 1995 година“, истакнала Кортни.

Таа напоменала дека социјалните служби ѝ помогнале на нејзината ќерка Френсис да го преброди тој период, пишува „RTS“.

„Џони Деп ѝ напиша писмо на мојата ќерка за тоа на 4 страници, иако тогаш не се познававме добро. Се обиде да ја утеши мојата ќерка на нејзиниот 13-ти роденден, испрати лимузина за неа и нејзините другарки“, додала пејачката.

Кортни ѝ пружила поддршка и на поранешната сопруга на Деп, Амбер Херд, со која тој моментално се суди.

„Бев најомразената жена во Америка, на светот, многу пред ТикТок да настане. Разбирам како се чувствува Амбер. Можете ли да замислите да сте на нејзино место?“, вели Лав.


Подоцна одговорила и на коментарите во кои луѓето ја критикувале поради ваквиот потег и повторно објаснила дека не сака да биде на ниту една страна.

„Сакам да бидам неутрална. Нема никого да малтретирам, доволно бев малтретирана во текот на животот“, напоменала Кортни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг