Били Ајлиш за Туретовиот синдром: „Луѓето често ми се смеат и тоа ме навредува“

Макфакс

23/05/2022

08:04

7.342

Големина на фонт

а а а

Пејачката Били Ајлиш беше гостин во најновата епизода од шоуто на „Нетфликс“ My Next Guest Needs No Introduction („За мојот следен гостин не треба најава“), чиј водител е Дејвид Летерман. За време на шоуто, пејачката имаше тик, што покрена разговор за Туретовиот синдром, кој го има уште од детството.

Откако Ајлиш направи необично движење со главата и устата, Летерман ја праша дали тоа се должи на мува, на што таа одговори дека има тикови и дека во конкретниот случај тие се предизвикани од осветлувањето. „Ако ме снимате доволно долго, ќе видите многу тикови“, додаде таа.

„Тоа е многу чудно, речиси воопшто не зборувам за тоа. Најчеста реакција на луѓето на тоа е смеа, бидејќи мислат дека се обидувам да бидам смешна. И тоа секогаш ме навредува и секогаш завршувам велејќи: ‘Имам Туретов синдром’“, изјави пејачката.


„Никогаш не би погодиле колку луѓе имаат Туретов синдром. Неколку уметници рекоа ‘Oтсекогаш имам Турет’ и тоа беше многу интересно“, рече Aјлиш и додаде дека сака да одговара на прашања за тоа.

„Многу сум збунета од ова пореметување и не го разбирам. Дијагностицирано ми беше кога имав 11 години. Како дете имав поблаги тикови, но со текот на времето тие се менуваа“, отворено рече таа, истакнувајќи дека има подобри и полоши периоди, но дека тиковите никогаш не престануваат целосно.


Пејачката објасни дека има некои чести тикови, како што се допирање на увото, кревање на веѓите, движење на вилицата и затегнување на мускулите на раката.

Туретов синдром е невропсихијатриско нарушување со тикови кое започнува во детството, а неговите основни симптоми се едноставни, сложени и гласовни тикови (гримаси, гласен говор, задишување, трепкање). Во пошироката јавност, Туретовиот синдром често се поврзува со ненамерно користење на вулгарни и навредливи зборови, што е само еден од симптомите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг