(Видео) „Никогаш не сум била пооблечена“: Мадона беше блокирана од Инстаграм поради разголени фотографии

Точка

21/05/2022

17:37

8.499

Големина на фонт

а а а

Поп-кралицата Мадона често изненадува со своите разголени изданија и дегутантни објави, кои според многумина се непримерни дури и за многу помладите од неа.

Изгледа сега толку претерала што добила „предупредување“ од водечката социјална мрежа.

Имено, пејачката беше блокирана од Инстаграм во пресрет на нејзиното обраќање во живо.

Таа сподели видео на својот профил кога дознала за оваа рестрикција, на кое се гледа како се појавува реченицата „Блокирано за споделување видео во живо“ додека се обидува да започне со снимање.

Пејачката не сокрила дека е разочарана.

„Што по ѓаволите? Никогаш во животот не сум носела толку облека“, рекла таа.

Еден пријател и член на нејзиниот тим потоа ѝ ги прочитал насоките на оваа социјална мрежа, кои меѓу другото гласат: „Сакаме Инстаграм да биде автентично и безбедно место за инспирација и изразување. Не ги 'спамајте' луѓето и не објавувајте голотија“.

„Јас сум без текст“, рекла Мадона и додала дека оваа недела не објавила ништо 'лудо' на својот профил.

„Можеби се работи за задоцнета реакција на моите објави од минатата недела, но не сум сигурна“, изјави пејачката која неодамна го претстави 3D NFT моделот на нејзината вагина наречена „Mother of Creation“ кој го продава во добротворни цели.

Пејачката им се извини на своите фанови што не можела да 'разговара' со нив во живо, велејќи дека 'ѝ е жал што ги разочарала'.




Спонзорирани линкови

Маркетинг