Поради начинот на исхрана Анџелина Џоли била на раб на анорексија – живеела само „на ова“

Точка

21/05/2022

13:32

19.748

Големина на фонт

а а а

Како изгледа исхраната на Анџелина Џоли со која ослабнала 15 килограми и себеси се довела на работ на анорексија, прочитајте во продолжение.

Изгледот на Анџелина Џоли со години е тема во медиумите, но и кај загрижените фанови. Актерката која е висока 170 сантиметри, како што пишуваат медиумите, пред три години имала само 40 килограми.

Славната актерка тогаш зборувала дека така изгледа поради стресот затоа што во тој период почина нејзината мајка, а нејзиниот развод од Бред Пит беше во тек.


Сепак магазинот „Marie Claire“ напишал статија за нејзината диета со кога тогаш таа изгубила повеќе од 5 килограми.

Диетата се темели на јаткасти плодови и семки. Магазинот тврди дека Анџелина фигурата на тело ја одржувала со мешавина од киноа, просо, чија семки и хељда која обожавала да ја јаде.

„Анџелина отсекогаш беше обожавател на семки и житарици, но сега сето тоа го издигна на повисоко ниво“, изјавил пред неколку години извор за магазинот, додавајќи дека актерката се фали дека поради житариците и кожата ѝ е посјајна.

Наводно во тоа време во текот на денот таа внесувала по 600 калории. Денот го започнувала со кокосово масло и семки.


„Некогаш би го прескокнала ручекот или само би јадела бадеми или пак гумени бонбони. Пиеше и протеински шејкови за ручек. За вечера најчесто бирала немасно месо и една чаша црно вино“, додал изворот.

Во меѓувреме таа малку се здебелила, па поради тоа сега не изгледа како да е на раб на анорексија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг