Вака изгледала евакуацијата на ранетите од Азовстал

Точка

17/05/2022

18:52

3.533

Големина на фонт

а а а

Генералштабот на Вооружените сили на Украина им наредил на своите војници кои се криеле во челичаната Азовстал во Мариупол да се предадат.

Во рок од два дена, десетици украински борци им се предале на руските трупи кои биле околу Азовстал во Мариупол со недели.

Руското министерство за одбрана соопштило дека 265 украински борци се предале во обиколената челичана Азовстал во украинскиот пристанишен град во Мариупол. Повеќе од 50 се тешко ранети, соопштило министерството, додавајќи дека оние на кои им е потребна медицинска нега се префрлени во болница во градот Новоазовск, источно до Мариупол.

Се појавиле и првите снимки од дрон од евакуацијата на ранетите од Азовстал.

Од друга страна, најмалку седум автобуси со украински војници го напуштиле денеска Азовстал.

Според зборовите на очевидци, војниците, кои биле во придружба на проруските сили, не делувало дека се ранети.

Во меѓувреме, претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин рекол дека е против размена на затвореници од Мариупол.

„Нацистичките злосторници не се предмет на размена. Тие се воени злосторници и мораме да направиме се за да ги доведеме пред правдата“, рекол Вјачеслав Володин во текот на пленарната седница.


Украина, од друга страна, се надева на размена на повеќе од 260 свои војници кои го напуштиле Азовстал. Некои од украинските борци во Мариупол припаѓаат на ултрадесната група Азов, која Москва ја смета за неонацистичка единица.

Володин рекол дека Русија прави се за да им овозможи здравствена нега на ранетите украински затвореници и дека ги третира хумано.

„Што се однесува до нацистите, нашата позиција останува цврста, бидејќи тоа е една од целите на специјалната воена операција“, рекол тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг