Хоџсон побара да зборувам со Варди за неговата сопруга, открива Вејн Руни

Макфакс

17/05/2022

18:03

3.144

Големина на фонт

а а а

Британските таблоиди последните денови се опседнати со таканаречениот случај „Wagatha Christie“, односно судскиот спор помеѓу Колин Руни, сопругата на Вејн Руни и Ребека Варди, сопругата на Џејми Варди, а посебно интересно беше сведочењето на легендарниот англиски напаѓач Руни.

Тој денеска пред судот тврдеше дека тогашниот англиски селектор Рој Хоџсон побарал од него да зборува со Варди за да и порача на сопругата Ребека да се „смири“ за време на Европското првенство во Франција во 2016 година.

„Тука сум под заклетва. 100 отсто зборував со господинот Варди. Ако тој сакаше да го пренесе тоа до неговата сопруга, тоа е негова работа. Рој Хоџсон и неговиот помошник, Гери Невил побараа од мене како капитен да зборувам за тоа, иако беше незгодна ситуација. Барањето беше да не се прават проблеми на теренот кои не се потребни“, вели Руни, кој беше капитен на таа репрезентација.

Спорот го води сопругата на Варди, Ребека, поради нарушувањето на угледот од страна на Колин Руни. Проблемите меѓу двете сопруги на фудбалери почнаа откако Колин Руни ја обвини Ребека Варди дека давала информации на англиските медиуми за нејзиниот приватен живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг