Хотелот на развратот во Кан ги памети сите лудории на славните: Од забави за 300 лица преку харфистки во народни носии до забрана за отседнување за познатата манекенка

Точка

17/05/2022

16:54

10.427

Големина на фонт

а а а

Филмскиот фестивал во Кан угостил бројни светски ѕвезди кои секоја година отседнуваат во еден од најлуксузните хотели на денешницата – „Hotel du Cap-Eden-Roc“.

Свеченото отворање на 75-то издание на Канскиот филмски фестивал е резервирано за денеска, 17-ти мај, што значи само едно – ѕвездите на холивудската и светската кинематографија ќе отпатуваат на францускиот Азурен брег и ќе го пронајдат своето привремено преноќевалиште во луксузните хотели.


Еден од таквите светски познати луксузни хотели со долгогодишна традиција на угостување на ѕвезди е „Hotel du Cap-Eden-Roc“. Оддалечен само 15 минути возење од Кан, овој хотелски бисер е една од омилените дестинации на познатите и славните кои по долгите ноќи и големите количини на шампањ заминуваат токму таму за да одморат.

Ова луксузно здание кое е познато и како „старата дама на азурниот брег“ има 155 соби и апартмани и 2 приватни вили кои гарантираат максимална приватност. Хотелот се карактеризира со огромна бела зграда која ја опкружуваат медитерански градини полни со чемпрес и цитрус, а од секоја соба се овозможува спектакуларен поглед кон околината – синото море и францускиот брег.


Освен луксузното уредување, хотелот се карактеризира и со одлична дискреција на персоналот. Кога ѕидовите би можеле да зборуваат, сигурно за ова место би раскажале луди анегдоти во кои главни актери биле всушност хероите и хероините од филмското платно.

За настаните во внатрешноста на ѕидовите на хотелот се напишани илјадници приказни, од онаа дека Мел Гибсон организирал забава за 300 луѓе до тоа дека Шерон Стоун токму тука нарачала харфистка облечена во ирска народна носија да ја забавува. Со гости како Кевин Костнер, Моника Белучи, Ларс вон Триер, Џенифер Лопез, Пенелопе Круз, Џон Траволта и Роман Полански – приказните сигурно не недостасуваат.


На сончањето на тераса не одолеале Арнолд Шварценегер како ни полскиот модел Ања Рубик. Извајаните тела по падините на плажите на оваа медитеранска идила ги покажале и ангелот на Викторија Сикрет, Алесандра Амбросио и Викторија Силвстед.

Токму тука Елизабет Тејлор и Ричард Бартон го поминале својот меден месец, Марвин Дејвис бил ограбен во износ од 10 милиони долари, а Кејт Мос во една прилика толку ја уништила собата во која престојувала што ѝ забраниле повеќе да отседнува во хотелот.


Тука секоја ѕвезда има посебна услуга, па така Том Круз добива посебно дизајнирана органска салата, а Бред Пит и Анџелина Џоли во една прилика закупиле цел спрат само за да можат да уживаат сосема сами.

Кан, магнет за моќните, убавите и богатите, нуди совршена комбинација на експонираност и интима, а не престанува ни да ја интригира јавноста со она што се случува зад ѕидовите на неговите најславни хотели.




Спонзорирани линкови

Маркетинг