Агентот на Бејл: Иднината на Герет зависи од резултатите на Велс

Дерби

17/05/2022

16:32

2.048

Големина на фонт

а а а

Герет Бејл и дефинитивно го напушта Реал Мадрид по крајот на сезоната, а неговиот агент отворено зборувал за иднината на велшката ѕвезда.

Џонатан Барнет, слично како и во минатото, директно посочил кои се опциите, вклучувајќи го и пензионирањето.

– Герет дефинитивно го напушта Реал, но за следен чекор треба да видиме што ќе направи Велс.

– Се зависи од тоа дали репрезентацијата ќе избори пласман на СП во Катар, дури потоа ќе биде донесена конечната одлука, – вели Барнет.

Бејл сезонава одигра само пет натпревари во дресот на Реал, а очигледно е дека може да игра најмногу една сезона пред да стави крај на кариерата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг