(Видео) Урнебесната реакција на кралицата Елизабета кога слушнала дека е „срце на народот“ стана хит на интернет

Точка

17/05/2022

15:24

11.599

Големина на фонт

а а а

Урнебесната реакција на кралицата Елизабета кога на прославата на платинестиот јубилеј слушнала дека е „срце на нацијата“ стана хит на интернет.

Прославата се одржала вчера во дворецот Виндзор, а говорот го одржал телевизискиот водител Алан Тичмарш.

„Веќе 70 години постои постојано отчукување на срцето на овој народ. Тоа срце ѝ припаѓа на Нејзиното Височество Кралицата Елизабета Втора“, кажал водителот, а публиката започнала да ракоплеска.

Но, кралицата се чини како да не била особено воодушевена.

Снимката за кратко време стана хит, а многумина ја споредиле Елизабета Втора со ликот Алан Партриџ кој го глуми Стив Куган.

„Вака изгледам додека се преправам дека го разбирам семинарот“, се пошегувал еден корисник на Твитер.

„Понекогаш забораваме дека кралицата е всушност „обична“ личност и дека ужива правејќи ги истите работи како и ние. Таа е нечија мајка, баба и прабаба“, додал Тичмарш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг