Лима не губи време - пристигнала во Франција, па им се препуштила на страстите: А кога ќе видите што носела на себе...

Точка

17/05/2022

14:42

8.241

Големина на фонт

а а а

Адријана Лима пристигнала денеска во Ница, а причината е светската филмска свеченост, Кански фестивал, кој почнува утре и на кој бразилската модна ѕвезда ќе присуствува.

Славната Бразилка, Адријана Лима, пристигнала со вереникот Андре Лемер, фоторепортерите ги поздравила со широка насмевка, а нејзиниот партнер во еден момент ја ставил раката на нејзиниот стомак.

Лима, која со Лемер го чека првото заедничко дете, претставила уште едно модно шик издание, носејќи црн комбинезон кој е и практичен и елегантен избор, со сандали и чанта кои, според нас, се модно совршенство.


За позирање пред фоторепортерите не ѝ била потребна шминка, а како што може да забележиме на фотографиите, љубов не ѝ недостасува. Па така, забележан е и бакнеж со нејзиниот вереник, па Адријана пред спектаклот на црвениот тепих, кој оправдано го очекуваме од неа, нѝ приреди сцена за паметење.

Манекенката зад себе има серија фантастични настапи на Кан, а ние едвај чекаме да ја видиме оваа година на 75-от Фестивал кој ќе трае до 28-ми мај.

Инаку, фестивалите се важен дел од врската на Адријана и Лемер, кои минатата година со заедничко појавување на црвениот тепих открија дека се во врска. И тогаш се бакнуваа, па разменувањето нежности во јавност не им е непознато.




Спонзорирани линкови

Маркетинг