Пристигна. Иако официјално треба да почекаме уште неколку дена, температурите нѝ велат дека летото пристигна, а меѓу модните инсајдери дефинитивно се издвојуваат трендови кои ќе ги сакаме.
Иако некои од нив неодамна се појавија на пистите, бидете пред сите и купете си ги веднаш. Овие три трендови први нека се најдат на вашата листа.
Ниту една листа на трендови за ова лето не може да помине без поткошула со логото на Прада, но и друтите брендови не изостануваат.
Откако ги видовме Шанел парчињата за оваа сезона, знаевме дека ќе го следиме трендот на модели на костими за капење од деведесеттите (и ќе ги носиме подеднакво како топ низ град).
На памет прво ќе ви падне Ненси Дојака, но прорезите ова лето се насекаде, не само на лесните секси фустани и топови. Подеднакво ги сакаме и на здолништа и на парчиња од сите можни материјали, во сите можни форми (пронајдете ги вашите).