Видео кое ги буди емоциите: Украински војник ја пее победничката песна од Евровизија додека во позадина се слушаат експлозии

Точка

16/05/2022

13:02

3.226

Големина на фонт

а а а

Видеото од украинскиот војник додека ја пее победничката песна од Евровизија „Стефаниа“ која ја изведува Калуш Оркестра, предизвикало емоции кај многумина на социјалните мрежи.

Војникот, кој украинските медиуми го идентификувале како шеф на прес-службата на бранителите во Мариупол, кој исто така е на првата одбранбена линија во Азовстал, ја отпеал песната од групата Калуш Оркестра – „Стефаниа“.

Додека пеел во позадина се слушаат гласни одекнувања на експлозии, а песната која е своевидна ода на мајките не ја прекинале ниту гранатите.

„Ѝ честитаме на групата Калуш Оркестра на победата на Евровизија од самото срце на Мариупол. Ви благодариме на поддршката“, напишано било на социјалните мрежи, пренесува „NEXTA TV“.

Иако фронтменот на групата Олег Псјак ја напишал песната за својата мајка, таа по почетокот на војната станала еден од симболите на борбата во Украина против руската инвазија.

По настапот на Евровизија 2022 во Торино, членовите упатиле апел за помош на Украина и Мариупол.

„Помогнете му на Азовстал веднаш“, порачале тие.

Публиката ги дочека со овации, а на крајот од вечерта претставниците на Украина беа прогласени за победници, откако освоија вкупно 631 поен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг