Голема колона возила со бегалци од Мариупол пристигна на безбедно

Макфакс

15/05/2022

12:18

2.288

Големина на фонт

а а а

Голема колона автомобили и комбиња во кои бегалците го напуштија Мариупол безбедно пристигна синоќа во градот Запорожје, кој е под контрола на Украина.

Во конвојот, се запишале меѓу 500 и 1000 возила.

Луѓето прво со денови чекаа руска дозвола да го напуштат јужниот пристанишен град, кој долго време е под контрола на руските сили, освен фабриката за челик Азовстал, последното упориште на украинските бранители во тој град.

Бегалците прво морале да го напуштат Мариупол, а потоа да тргнат кон Бердјанск, кој е оддалечен околу 70 километри и на крајот да стигнат до Запорожје, на околу 200 километри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг