(Видео) „Спасете го Мариупол. Спасете го Азовстал веднаш“: Украинскиот бенд на крајот од евровизискиот настап испрати моќна порака до светот

Точка

14/05/2022

23:52

8.188

Големина на фонт

а а а

Групата Калуш Оркестра која ја претставува Украина на овогодишниот Евросонг, на крајот од настапот во финалето испрати апел до Европа и светот:

„Спасете го Мариупол, спасете го Азовстал веднаш!“, изјави фронтменот Олех Псиук на евровизиската сцена во Торино.

Претходно, од бендот Калуш беше побарано да го привлече вниманието на јавноста на Евровизија 2022 за ситуацијата во Мариупол и фабриката Азовстал. Конкретно, такво барање упати Отај, раперот од Лавов, чиј брат се смета за исчезнат на Азовстал, и пејачката Алина Паш.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ги повика сите да гласаат за Украина наспроти заканите од руските хакери дека ќе ги блокираат гласовите за украинската песна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг