Српски медиум од неофицијални извори: СПЦ ќе ја признае македонската црква?

Точка

14/05/2022

22:13

4.061

Големина на фонт

а а а

Соборот на СПЦ треба официјално да ја потврди одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј за признавање на автономната Охридска архиепископија наместо досега непризнатата т.н. Македонската Православна Црква (МПЦ), пишува српски Курир во штотуку објавениот подолг осврт на оваа тема, изнесувајќи податокот и дека на почетокот на мај, архиепископот Стефан и српскиот патријарх практично го договориле овој чин, но Вартоломеј побрзал за да ги преземе заслугите.

„Српската црква ќе го признае единството со сегашните расколници во Северна Македонија во рамките на Охридската архиепископија. Сакаше да го направи тоа сама, но намерно беше спречена од вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој сакаше да излезе дека оваа одлука за канонско признавање на свештенството на поранешната расколничка црква во Северна Македонија е донесена исклучиво благодарение на него. И точно е дека хиерархијата на СПЦ, на чело со патријархот Порфириј, била подготвена да договори црковна заедница со расколниците, за што директно и индиректно се зборувало во неколку наврати во претходниот период, па дури и на почетокот на мај, кога тие се сретнаа во Ниш – патријархот Порфириј и архиепископот Стефан -, придружувани од архиереите на двете цркви“, вели извор за српски „Курир“.


Како што пишува медиумот, признавањето од СПЦ ќе значи и сериозни промени, а тоа ќе биде повлекување на архиепископот Јован.

„ПОА беше автономна архиепископија во Северна Македонија, признаена од вселенскиот патријарх Вартоломеј и сите помесни цркви, а на литургијата требаше да го споменат само српскиот патријарх, како и сите други архиепископи и патријарси во православниот свет. Сега ПАО практично ќе биде преземена од сегашната расколничка хиерархија во Северна Македонија на чело со претходниот расколнички архиепископ Стефан и ќе се вика Охридска архиепископија. А поранешниот архиепископ на ПОА, Јован (Вранишковски), меѓу другото ќе се пензионира и поради тешката здравствена состојба, за што придонесе долгогодишниот прогон од страна на македонските власти, вклучително и повеќегодишните затворски казни“.