Најубавиот сладолед на светот е оној од бозел: Едноставен рецепт за десерт кој постојано ќе го подготвувате

Точка

14/05/2022

16:15

29.237

Големина на фонт

а а а

Бозелот процвета, па дојде време да се подготвуваат сокови, но и сладолед за кој ви претставуваме еден едноставен рецепт.

Потребни состојки:

- 250 гр. маскарпоне сирење
- 150 мл. слатка павлака
- 200 мл. сируп од бозел
- 2 белки од јајце
- 100 гр. шеќер
- 25 мл. вода


Начин на подготовка:

Изматете ја слатката павлака, а потоа додајте го маскарпонето и сирупот од бозелот и повторно изматете.

Белките изматете ги во шлаг. Додајте 20 гр. шеќер и продолжете со матење. Во еден сад, ставете го преостанатиот шеќер и 25 мл. вода, загрејте до вриење, а потоа варете уште 5-6 минути.

Вака добиениот сируп додавајте го во белките, истовремено матејќи со миксер. Матете додека шлагот не се излади, а потоа соединете го со шпатула заедно со маскарпонето, слатката павлака и сирупот.

Вака подготвената смеса распоредете ја во соодветен калап со поклопец и замрзнете ја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг