Москва се заканува со милитаризација ако Шведска и Финска влезат во НАТО

Точка

14/05/2022

11:28

3.532

Големина на фонт

а а а

Русија предупредила дека очекуваното влегување на Шведска и Финска во НАТО ќе доведе до милитаризација на регионот, а Москва ќе одговори доколку НАТО постави нуклеарно оружје во близина на нејзините граници, пренесува "BBC".

Александар Грушко, заменик министер за надворешни работи на Русија, рекол дека Русија знае дека НАТО сака да милитаризира се што може, пренесува "Interfax", додека агенцијата "RIA" го цитирала Грушко кој вели дека предложеното ширење на НАТО ќе предизвика "политичка реакција на Русија".


Како што објаснил, таа реакција нема да биде донесена на емоции, туку на детална анализа на ситуацијата.

Шведска и Финска планираат да се откажат од својата воена неутралност и да се приклучат кон НАТО сојузот, што е реакција на руската агресија на Украина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг