Хрватски експерт: „САД ќе удрат со полна сила на државите кои ќе се обидат да го спречат влезот на Финска во НАТО“

Точка

13/05/2022

22:21

6.517

Големина на фонт

а а а

Воениот аналитичар Роберт Бариќ во "N1 Newsroom" ја анализирал состојбата на бојното поле во Украина.

На почетокот зборувал за можните импликации од влегувањето на Финска и Шведска во НАТО сојузот, порачувајќи дека тоа е голема предност во поглед на самото делување на Западот кон Русија.

„Дури и да кочи процесот на ратификација, постои уште едно решение, а тоа се билатерални гаранции на САД и клучните членки на НАТО додека тоа не се реши. Тоа го гледам како можност да се спречи некоја голема пауза за примање на Финска, што Ердоган и Милановиќ се обидуваат да го направат, а потоа Вашингтон ќе удри со полна сила на тие две држави. Тогаш ќе видат што е американски притисок, како што видоа Словенците во случајот во 2008-ма кога се обидуваа да ја спречат Хрватска“, рекол Бариќ.


Истакнал дека примањето на Шведска и Финска има многу пошироко геополитичко значење од самиот судир со Русија.

„Тоа е доказ дека НАТО останува клучна безбедносна организација во Европа“, рекол тој додавајќи дека внатре во самиот сојуз нема да се менува односот на силите со примањето на Шведска и Финска.

„Во НАТО се знае кој води, а кој следи. Тоа се најмоќните членки, а најмоќната членка потоа дава одлучна насока. Тоа е таа нова стратегија на американската администрација - не се оди на рушење на Путин, тоа е преопасно. Се оди на кревање на политичките и економски цени на судирот во Украина, Русија да не биде во можност да го одржува тој судир ниту веќе да направи нешто слично“, додал тој.

Укажал дека Германија и Франција не покажале способност за водење внатре во ЕУ.


„Имате влез на Шведска и Финска во НАТО, кои се не само воено, туку и економски силни земји. Полска сега ќе види можност да го реши судирот со ЕУ и САД околу демократскиот дефицит, што би можело лошо да се одрази на Унгарија. Балтичките земји тоа го поддржуваат, а Романија е најголем американски сојузник во југоисточна Европа. Се јавува можност јадрото на моќ во ЕУ да се префрли од Западна кон Средна Европа“, рекол Бариќ.

Смета дека Русија не ги постигнала своите цели.

„Освоија околу 20 проценти од украинската територија, но мораа да се повлечат од северот. Белорусија не се вмеша во војната и веројатно нема. Лукашенко ќе дава логистичка поддршка, но нема да се вмеша бидејќи тоа би можело да доведе до нереди во Белорусија, кои ќе го урнат неговиот режим“, оценил Бариќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг