Ова е најскапиот автомобил на светот, наводно е продаден за повеќе од 140 милиони долари

Точка

13/05/2022

16:55

4.426

Големина на фонт

а а а

Доколку се покажат гласините како вистинити, тоа ќе значи дека овој "Mercedes" е продаден за три и пол пати поголема цена од досегашниот рекордер.

Станува збор за "Silver Arrow 300 SLR Uhlenhaut Coupe", а цената која ја постигнал наводно е неверојатни 142 милиони долари.

Веста ја објавил "Hagerty" повикувајќи се на неколку извори, а од "Mercedes" се уште не дошла никаква потврда. Автомобилот наводно е продаден на приватна аукција за најмногу десет одбрани колекционери, која била одржана на 6-ти мај во музејот на "Mercedes" во Штутгарт.

И навистина, на веб страната на музејот има известување дека ќе биде затворен се до 15-ти мај. Доколку веста се покаже како вистинита, многу е веројатно дека новиот сопственик ќе остане анонимен.


Потсетуваме, досега најскапиот автомобил бил "Ferrari 250 GTO" од 1962-ра година, кој во 2018-та година достигнал цена од 48.405.000 долари. После тоа се прошириле гласини дека уште еден примерок од овој модел е продаден за дури 70 милиони долари.

Во топ 10 најскапи автомобили воо историјата сите се "Ferrari", со исклучок на два автомобили - "Mercedes W196" од 1954-та година и "Aston Martin DBR1 Roadster", кои постигнале цена повисока од 20 милиони долари.

Кога станува збор за "Silver Arrow", се работи за тркачки автомобил кој во историјата бил произведен во само два примероци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг