Родители од Индија решиле да го тужат синот единец и неговата сопруга бидејќи не им „подариле“ внуче

Точка

13/05/2022

15:21

4.182

Големина на фонт

а а а

Пар од северната индиска држава Утараканд решил да го тужи својот син единец и неговата сопруга затоа што не им родиле внуче по 6 години брак.

Санџив и Садана Прасад велат дека ги потрошиле своите заштеди на одгледување на својот син, плаќајќи му ја обуката за пилот, како и раскошната венчавка… Поради тоа, како и фактот дека сè уште не станале баба и дедо, тие бараат отштета во вредност од речиси 650.000 долари ако не се роди ниту еден внук во рок од една година.

Засега, синот и неговата сопруга сè уште не се огласиле по повод тужбата. Прасад рекол дека ја потрошил целата своја заштеда на синот, испраќајќи го во САД во 2006 година на пилотска обука која чинела 65.000 долари. Како што раскажал, неговиот син се вратил во Индија во 2007 година, но останал без работа и семејството морало финансиски да го издржува повеќе од 2 години, пишува „Times of India“.

Шреј Сагар (35) на крајот добил работа како пилот. Неговите родители велат дека го договориле неговиот брак со Шубанги Сина која сега има 31 година, во 2016 година, со надеж дека ќе добијат внуче во текот на пензионирањето.

Родителите велат дека платиле за венчавка во хотел со 5 ѕвезди, за луксузен автомобил вреден 80.000 долари и меден месец во странство.

„Мојот син е 6 години во брак, но сè уште не планира дете. Барем да имаме внук со кој ќе поминуваме време, нашата болка ќе стане поподнослива“, изјавил таткото.


Адвокатот на парот изјавил за „The National“ дека парот бара пари поради „психичка суровост“.

„Сон на секој родител е да стане баба или дедо. Тие со години чекале да станат баба и дедо“, истакнал адвокатот.

Тужбата на парот, поднесена во градот Харидвар, се очекува да биде сослушана пред судот на 17-ти мај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг