Тотално затемнување на Месечината 2022: Кога точно и како можете да ја видите најдобро темпираната "Крвава Месечина" ова столетие

Точка

11/05/2022

17:34

45.800

Големина на фонт

а а а

Кога е следното затемнување? За време на вечерта на 15-ти мај кон раните часови од понеделник на 16-ти мај 2022-ра година, целосното затемнување на месечината - исто така познато и како "Крвава Месечина" - ќе биде видливо од Северна и Јужна Америка, плус делови од Европа и Африка.

За време на настанот, "поголемата од обичното" Месечина ќе влезе во центарот на сенката на Земјата цели 84 минути, добивајќи бакарно-црвенкаста боја додека го прави тоа.

Целосно затемнување на Месечината се случува кога полната Месечина минува низ сенката на планетата Земја во вселената. Секој месец Новата Месечина минува меѓу Земјата и Сонцето и потоа орбитира од другата страна на Земјата и станува полна Месечина. Кога тие моменти прецизно ќе се поклопат, предизвикуваат или сончево или месечево затемнување.


Помеѓу доцните вечерни часови на 15 мај и раните утрински часови на 16 мај, полната Супер месечина, позната и како „Цветна месечина“, ќе влезе во сенката на Земјата, предизвикувајќи целосно затемнување на Месечината што ќе биде видливо од поголемиот дел на Америка и Антарктикот, како и западниот дел од Европа и Африка и источната страна на Пацификот.

Набљудувачите на небото во источна Европа, пак, каде што се наоѓаме и ние, исто како и во Нов Зеланд и на Блискиот Исток, ќе доживеат таканаречено засенчување на Месечината, за време на кое само работ на Земјината сенка паѓа над Месечината.


Според веб страната „TimeandDate.com“, делумното затемнување ќе започне на 16 мај во 4 часот и 28 минути по средноевропско време, достигнувајќи го својот максимум во 6 часот и 11 минути. Тој ефект на целосно затемнување може да ѝ даде на Месечината црвеникава нијанса позната како „Крвава Месечина“.

Делумното затемнување, односно засенчување на Месечината, ќе може да се види во Македонија. Тоа ќе започне околу еден час порано и ќе заврши еден час по делумното затемнување.

Зошто е "Крвавата Месечина" црвенкаста?

За време на долгото патување на Месечината низ сенката на Земјата, единствената светлина што ќе допре до месечевата површина прво ќе се филтрира низ Земјината Атмосфера. Тоа ја прави црвена. Сино светло со кратка бранова должина од Сонцето ќе допира молекули во Земјината Атмосфера, но поголема бранова должина од црвена и портокалова светлина патува директно, допирајќи до помалку молекули. Поради тоа, доминантната боја која ќе се гледа на Месечината во тој краток период ќе биде црвена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг