Протекоа спецификациите и цената на новиот „iPhone 14“ – има и „лоши“ вести

Точка

11/05/2022

16:10

32.516

Големина на фонт

а а а

Во септември годинава, „Apple“ ќе ја претстави наредната серија телефони – „iPhone 14“.

Новата генерација ќе се состои од два „обични“ „iPhone“ која ќе ја активираат минатогодишните процесори и два „Pro“ модели кои ќе го понудат најдоброто што „Apple“ го има.

„Pro“ моделите годинава пристигнуваат без „notch“ во екранот, додека пак дизајнот на стандардните модели останува ист како и претходната година.


„Apple“ ја гаси „мини“ варијантата

„Apple“ пред две години ја претстави својата „мини“ варијанта во рамките на „iPhone 12“ и „iPhone 13“ серијата.

Меѓутоа, продажбата била далеку под проекцијата на компанијата, па поради тоа „мини“ варијантата годинава ќе ја замени „max“ варијантата.

Четири модели на овогодишната серија:

- „iPhone 14“;
- „iPhone 14 Max“;
- „iPhone 14 Pro“;
- „iPhone 14 Pro Max“.


Лошата вест е и цената

Уште една од промените се однесува на цената на уредите. Имено, како што тврдат инсајдерите, цената на овогодишните модели ќе биде за 100 евра поскапа, а во тоа придонеле многу фактори.

Од проблеми со ланецот за снабдување со полупроводничките чипови, до војната во Украина, па сè до повлекувањето на компаниите од рускиот пазар.

Извори блиски до компанијата наведуваат дека цената на новиот „iPhone 14 Max“ модел ќе изнесува 899 американски долари.

Овие процени секако треба да се разгледуваат со резерва со оглед на тоа што останаа уште неколку месеци до официјалното претставување на уредот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг