Организаторите за Точка: Петар Грашо за концертот во Борис Трајковски побарал вип-третман за неговата бремена сопруга Хана

Точка

11/05/2022

13:18

8.301

Големина на фонт

а а а

Се бројат деновите до големиот и спектакуларен концерт на моментално најголемата хрватска ѕвезда Петар Грашо во Скопје.

18-ти мај во спортскиот храм „Борис Трајковски“ е датумот кога Грашо пред скопската публика ќе ги пее големите хитови: „Ако ме питају“, „Уторак“, „Фритула“, „Нече нас заувек бит“ и многу други.

Организаторите на концертот велат дека сè е подготовено за големиот концерт на Грашо, а специјално за читателите на „Точка“ открија една од желбите на популарниот пејач.

„Со него во Скопје ќе допатува и неговата сопруга Хана која е во блажена состојба. Тој побара да обезбедиме посебен дел каде ќе биде сместена таа и пријателите од Хрватска кои ќе дојдат на концертот. Се разбира, ние ќе му ја исполниме желбата на Петар и неговата сопруга ќе има вип-третман“, нѝ открија од „Прагма продукција“.

Картите за концертот можете да ги најдете ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг