Соседите бесни, Хрватите украдени – фановите на Евровизија незадоволни од резултатите: „Нè крадат две години по ред...“

Точка

11/05/2022

09:00

16.927

Големина на фонт

а а а

Синоќа се одржа првата полуфинална вечер од популарниот натпревар Евровизија, а од 17 земји, кои ги претставија своите песни во таа прилика, во финалето кое ќе се одржи во сабота (14 мај), поминаа 10 земји.

Земјите кои поминаа во финалe на 66-та Евровизија по ред се:

Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Судејќи по многу од коментарите на Твитер, љубителите на натпреварот се разочарани од резултатите на првата полуфинална вечер на Евровизија и испаѓањето на хрватската претставничка Миа Димшиќ, како и претставниците на Словенија, Албанија и Данска.

На многу од гледачите им било нејасно како дошло до тоа ниту една песна која според нивното мислење била добра, да не помине во финалето, па своето незадоволство го искажале на Твитер.

„Словенија, Хрватска и Данска заслужија да се пласираат“, пишувало во еден од коментарите, додека пак другите биле незадоволни:

„Толку многу ги ограбија Хрватска, Данска, Австрија и Албанија, а во финалето поминаа Молдавија и Швајцарија? Што ставија во водата во Италија за да го предизвикаат тој резултат?“.

„Исто така сум разoчарана што Хрватска не влезе во финалето. Бев и премногу разочарана поради Литванија што речиси не забележав. Дефинитивно би ги заменила некои други земји за тие две“, е уште еден од коментарите на Твитер.

„Хрватска: Мислам дека се сеќавам на розовиот фустан, останатотo е за заборав“.

Но, има и такви кои веруваат дека испаѓањето го очекувале:

„Хрватска ја ограбуваат две години по ред. Минатата година беше полошо. Албанија требаше да влезе во финале 2021 година“, се присетил некој на минатогодишните претставници.

„Миа Димшиќ е толку слатко човечко суштество, но нејзината песна „Guilty Pleasure“ е навистина guilty pleasure. Песната многу брзо се повторува, а преминувањето од англиски на хрватски не помогна. Интерпретативниот танц беше збунувачки“, заклучил некој друг во коментар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг