Анализа на „Пари“: За ковид-тестови во приватните лаборатории сме потрошиле над 50 милиони евра, само 26% се направени на државно

Точка

10/05/2022

11:23

85.729

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 50 милиони евра оставиле граѓаните во приватните лаборатории за да направат околу 1,5 милиони тестови за корона од почетокот на пандемијата па до сега.

Ова го покажува една груба пресметка, ако се земе просечна цена на ПЦР тестови од 2.800 денари, кои учествуваат со две третини во вкупниот број на тестови, покажуваат податоците за ковид тестирањата во земјава до кои ексклузивно дојде порталот „ПАРИ“.

Имено, на почетокот на пандемијата, ПЦР- тестовите се правеа и по цени од 6.000 денари, потоа најчесто се споменуваше цена од 2.500 денари, за да подоцна, како нова лабораторија, најниски промотивни цени донесе Никоб-лаб од 1.000 денари. Брзите антиген тестови, кои учествуваат со една третина во вкупниот број на направени тестови, беа по пониски цени, некаде околу 1.000 денари во просек.

Пресметка: 1.000.000 ПЦР-тестови X 2.800 денари + 500.000 X 1.000 денари = 3.300.000.000 денари ( 53,6 милиони евра)

МОМЕНТАЛНИ ЦЕНИ НА ТЕСТОВИ ЗА КОРОНА:


Порталот „Пари“ дојде до ексклузивна статистика во однос на направените ковид-тестови. Податоците покажуваат дека за повеќе од 2 години се направени 2.013.928 тестови за корона. Притоа, само 528.496 теста се направени во државните здравствени институции, 9 резултати се заведени од странски лаборатории, а дури 1.485.423 се направени во приватни лаборатории. Или, изразено во проценти, во државното здравство се направени 26,2 отсто од сите тестирања за корона вирусот, додека дури 73,8 проценти од тестирањата се извршени во приватниот здравствен систем!

ТЕСТИРАЊА ЗА КОРОНА ОД ПОЧЕТОК НА ПАНДЕМИЈАТА


Од здравствен аспект пак, бројките покажуваат дека од вкупниот број на тестирања (2.013.928), позитивни биле 309.310, односно 15,3 проценти од тестираните граѓани.

Што се однесува до структурата на ковид – тестовите, 1.361.996 се PCR- тестови, а 651.932 се рапид антиген тестови.

Секако, сите тестови не се направени од здравствени причини, дел од нив се и поради протоколите за влез и излез од земјава, како и поради протоколите на другите земји каде што граѓаните патувале.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг