Двајца поранешни премиери меѓу основачите на нов клуб за пријателство со Бугарија

Макфакс

30/04/2022

15:09

5.208

Големина на фонт

а а а

Со заедничка презентација во Софија и во Скопје ќе биде промовиран нов клуб за бугарско-македонско пријателство.

Според најавата за настанот, промоцијата во Скопје е закажана за вторник (3. мај) во Институтот за социјални и хуманитарни науки.

Во најавата се наведува и дека меѓу основачите на клубот од македонска страна се поранешните премиери Владо Бучковски и Љубчо Георгиевски како и академик Катерина Колозова, политикологот Љупчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, како и историчарот Драган Зајковски.

Меѓу основачите на клубот од бугарска страна се: писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експертот за одбрана Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев и Евгени Кнев, тенисерката Мануела Малеева, режисерот Јавор Гардев и советникот на претседателот Жељу Желев за етнички прашања, Михаил Иванов.

Според информациите од бугарската агенција БТА, меѓу основачите се и три организации на македонските Бугари – Бугарскиот културен клуб Скопје (БККС), Културно-просветно друштво „Вардар“ и Здружението на граѓани за промоција, издаваштво, иницијативи и меѓународна соработка „Дело“.