Дојче Телеком го претстави „Beatland“: Современо клабинг искуство во метаверзумот

Точка

27/04/2022

12:35

30.998

Големина на фонт

а а а

Дојче Телеком влезе во метаверзумот! Преку сопствената музичко-иновативна платформа Telekom Electronic Beats (TEB), Телеком го претстави уникатното виртуелно клупско искуство „Beatland“. Промоцијата се одржа во светот на Roblox (NYSE: RBLX), што е всушност виртуелна платформа во метаверзумот развиена како место каде што корисниците ќе можат да имаат онлајн интеракција меѓусебно преку нивните аватари.

Луѓето преку нивните аватари ќе можат да го посетат „Beatland“ за да слушаат музика, да купуваат дигитални предмети од музичката продавница, но и да го посетат киното за да гледаат кратки анимирани филмови од избрани уметници. Отворањето на виртуелниот клуб го одбележа настапот на светски познатиот диџеј и продуцент Борис Брејча, кој во форма на аватар имаше повеќе сетови во виртуелниот клуб, од 22 до 24 април.

„Клабингот во денешно време претставува спој на она што е реално и она што е мета. Сите ние се стремиме кон нови технологии и иновации во културата на ноќниот живот. Навистина сум возбуден што ќе можам да комуницирам со заедницата, пуштајќи музика како аватар во метаверзумот – ‘Beatland’ на Telekom Electronic Beats“, вели Брејча.


Дојче Телеком е првата телекомуникациска компанија која разви свое метаверзум искуство на Roblox. Метаверзум платформата на Telekom Electronic Beats опфаќа клуб, кино и музичка продавница. Светот на „Beatland“ е дело на The Gang од Шведска, едно од водечките креаторски студија за Roblox, во соработка со Art Direction и Design Studio Yukiko од Берлин и аниматорот Џек Сакс. Тимот тесно соработуваше со FSM (Германско здружение за доброволна саморегулација на даватели на услуги за дигитални медиуми) за да создаде виртуелен свет во кој безбедноста е клучна цел. Како резултат на тоа, метаверзум искуството ги зближува младите луѓе од целиот свет со цел да ја искусат музичката култура на сосема нов начин.

Сите корисници ќе можат активно да се вклучат во различни улоги во рамки на виртуелната платформа , преку разни виртуелни работни места во ноќниот живот на „Beatland“, сите во форма на аватар. Корисниците ќе можат да купуваат различни облеки за нивните аватари и разни дигитални производи во музичката продавница и во продавницата на Телеком со своите Beat Coins, виртуелна валута којашто ќе се заработува со извршување активности во „Beatland“. Посетителите на киното ќе можат да гледаат кратки филмови од Хеин Ким и Александра Бокова, чијашто цел е да ја подигнат свеста за општествено релевантни теми.

Користејќи го сопствениот аватар, корисниците ќе можат да „работат“ како менаџери на музичка продавница, промотери, па и како вратари на ноќен клуб, а притоа ќе можат и да купуваат облеки за нивниот аватар и дигитални производи од продавницата на Телеком со своите Beat Coins – виртуелна валута која се заработува преку извршување активности во „Beatland“. Приходите, собрани преку продажбата на „верчот“, потоа ќе се искористат за проширување и подобрување на целокупниот свет на „Beatland“.

„Повеќе од 20 години, нашата платформа TEB е мостот којшто ги спојува културата и технологијата. Многу сум горд што успеавме да одржиме чекор со подемот на креативните индустрии, истовремено задржувајќи го првичниот карактер на програмата. Метаверзумот и повторното откривање на трендот на аватари и виртуелно музичко искуство се едни од највозбудливите иновации во моментот“, објаснува Волфганг Кампартолд.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг