(Видео) Стјуардеса покажа како изгледа лет во една од најскапите први класи во светот

Точка

19/04/2022

17:16

16.901

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерката и поранешна стјуардеса од Србија, Кристина Грабеж, на своите социјални мрежи често споделува објави во кои опишува како изгледа работата на стјуардесите, со што се среќаваат сите на летовите и открива неколку помалку познати факти за оваа интересна професија.

Тина во едно од најновите видеа покажа како изгледа лет во една од најскапите први класи во авион.

„Иако многу авиокомпании имаат свои првокласни верзии, авиокомпаниите од Блискиот Исток имаат некои од најексклузивните и најскапите седишта во авионот“, вели Кристина на почетокот на видеото, додавајќи дека секое седиште има посебна врата што може да се затвори, за да се обезбеди целосна приватност на патниците.



Додатоци од прва класа, како грицки, слушалки и ќебиња, се подобри од остатокот од авионот, а патниците од прва класа добиваат и комплет со козметика и пижами.

„Покрај стјуардеса, гостите во првата класа ги послужува и готвач, а јадењата се исто така многу подобри отколку во остатокот од авионот“, вели Кристина, а потоа открива и колку чини билетот за прва класа.

„Сето тоа изгледа убаво, но билетот од прва класа во овие компании може да чини и над 10.000 евра“, открива таа на крајот од видеото кое има над 13.000 прегледи.