Точка видео/фото: Огромен црн облак над Скопје - пожар кај фабриката „Треска“

Точка

14/04/2022

14:17

13.120

Големина на фонт

а а а

Во центарот на Скопје нешто после 14 часот се појави огромен црн облак.

Прво се слушнала експлозија, па потоа избувнал силен пожар, велат за Фактор сведоци на пожарот кај Треска. Во моментов таму се пожарникарските екипи, а се евакуираат лица од околните куќи.

„Горат објекти на просторот кај поранешната фабрика Треска“, потврдија од Противпожарната единица Скопје.

Од скопската противпожарна единица велат дека сите расположливи сили се на терен.

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, вели дека екипите на противпожарната се на терен, и интервенираат кај „Треска“.

„Во моментов екипите на противпожарна служба се на терен, станува збор за голем пожар и огромен чад кој се издига над фабриката Треска“.

Засега нема информации за причините за пожарот, ниту дали има повредени.

Неодамна, сопствениците на парцелите во реонот „Треска“ предупредија дека фабриката е темпирана еколошка бомба поради отпадот што е оставен на овој простор.



Posted by Kurir on Thursday, April 14, 2022