(Фото/Видео) Нарачајте си пијалак и уживајте! Вака ќе изгледа луксузното патување со балон во вселената – еве колку ќе чини

Точка

14/04/2022

11:31

44.702

Големина на фонт

а а а

На располагање ќе имате удобни гарнитури кои ќе ви прават друштво или поинтимна варијанта за двајца.

И претходно сме пишувале за проектот на компанијата „Space Perspective“ и комерцијализацијата на патувањата во вселената со помош на специјален балон со кабина.

Нивниот план е туристите да долетаат до работ на вселената, а пoтоа да се ужива во спектакуларниот поглед и максималниот луксуз.

Од таа причина, компанијата објавила илустрација од внатрешноста на „Spaceship Neptune“ во која има доволен комфор.

Романтика меѓу ѕвездите

Вселенските туристи ќе ги разгледуваат ѕвездите преку панорамска сцена од 360 степени, а кабината ќе може да се конфигурира за различни потреби и барања.

На располагање има удобна гарнитура, но и поинтимна варијанта за романтична вечера за двајца.


„Space Perspective“ ќе обезбеди и пијалак, а посебен шарм даваат амбиенталните светла кои се поставени во кабината.

Поевтини од конкуренцијата

Компанијата од Флорида планира полетување во зора, додека патниците не достигнат висина од 30 километри по двочасовниот лет.

„Spaceship Neptune“ ќе крстари на работ од вселената уште два часа, а потоа ќе се спушти на Земјата.

Се очекува комерцијалните летови да започнат во 2024 година, а картата ќе чини 125.000 долари. Делува скапо, но драстично е пониска од конкуренцијата.

На пример со „Virgin Galactic“ ќе летате во вселената за 450.000 долари.

И, додека „Space Perspective“ се подготвува да ги реализира амбициозните планови, веќе 6.000 луѓе однапред имаат резервирано свои седишта со депозит од 1.000 долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг