Јапонија и Сингапур и натаму се наоѓаат на првото место на листата најмоќни пасоши на светот во 2022 година.
Според најновите податоци на компанијата „Henley and Partners“ која од 2006 година ги рангира пасошите од 199 земји, затворањето на воздушниот простор поради кризата во Украина и отворање на границата за украинските бегалци почнало да влијае на глобалните патувања.
Во извештајот се напоменува дека ситуацијата меѓу Русија и Украина се покажала како строг потсетник на променливоста на светот, начинот на кој конфликтот може да доведе до масовно раселување и колку точно нечиј пасош може да има влијание на нечија положба.
На врвот на листата традиционално се наоѓаат Јапонија и Сингапур, додека пак на дното се наоѓа Авганистан чии државјани можат да патуваат во само 26 земји од светот без претходно издавање виза.
Македонскиот пасош се наоѓа на 44-то место, а што се однесува од земјите во нашето опкружување, Хрватска се наоѓа на 17-то место, Црна Гора на 45-то место, Босна и Херцеговина на 49-то место, а Србија е на 37-то место.
1. Јапонија, Сингапур
2. Германија, Јужна Кореја
3. Финска, Италија, Луксембург, Шпанија
4. Австрија, Данска, Холандија, Шведска
5. Франција, Ирска, Португалија, Велика Британија
6. Белгија, Нов Зеланд, Швајцарија, САД
7. Австралија, Канада, Чешка, Грција, Малта
8. Унгарија
9. Литванија, Полска, Словачка
10. Естонија, Лaтвија, Словенија