Хит јадење во Швајцарија: Омилен рецепт за телешко во сос од печурки

Точка

09/04/2022

17:14

27.835

Големина на фонт

а а а

Циришкото телешко месо можете да го послужите со рендан компир, но и широки тестенини, ориз или пире од компири.

„Zürcher Geschnetzeltes“ е името на швајцарскиот специјалитет направен од парчиња телешко печено со печурки во кремаст сос. Најчесто се служи со пржени компири наречени rösti, но и со ориз, широки тестенини или пире од компири.

Состојки:

- 500 гр. телешко месо

- 2 лажици брашно

- 40 гр. путер

- 2 лажици маслиново масло

- 1 кромид

- 2 чешниња лук

- 7 свежи листови жалфија

- 200 гр. печурки

- 2,5 дл. суво бело вино

- 2,5 дл. крем за шлаг, без шеќер

- сол, бибер


Подготовка:

Исчистете го месото, па исечете го на ленти и посипете го со брашно. Во тава загрејте половина путер и масло. Штом путерот стане пенаст, додадете го месото и кратко пропржете го од сите страни. Ставете го во чинија.

Во тавата додадете го остатокот од путерот и маслото и пропржете ги исечканите кромид, лук и жалфија, а потоа додадете ги крупно исечканите печурки. Добро измешајте и кога печурките ќе почнат да омекнуваат, продолжете со варење уште околу 5 минути.


Додадете го виното и добро измешајте го дното на тавата за да се растопат запечените месни сокови. Додадете го телешкото месо и варете мешајќи додека не испари виното. Намалете ја топлината и варете уште 10 минути.

Зачинете со сол и бибер и во последен момент додадете го кремот. Кога ќе зоврие, варете 2 минути, па тргнете го од оган и послужете.

На здравје!