Вечерва нешто пред 20 часот во скопски Аеродром се случила сообраќајка, пишува порталот „Центар.мк“.
Според неофицијални информации, сообраќајната настанала откако автомобил најверојатно излетал од патот, по што завршил со материјална штета, односно, со речиси откинато тркало.
Споменатиот медиум пренесува дека нема повредени во несреќата.
Од МВР засега нема официјални информации.








