Денеска на 60-годишна возраст во Скопје почина Владо Богоев, новинар и еден од основачите на весникот „Дневник“.
Веста за смртта ја објави неговиот син Стефан Богоев:
ПАМТИТЕ МЕ ПО ПЈЕСМАМА МОЈИМ...
Си замина мојот татко, а ваш другар и пријател Владимир Богоев.
Тажен сум зошто го...
Posted by Стефан Богоев on Tuesday, April 5, 2022
„Си замина мојот татко, а ваш другар и пријател Владимир Богоев. Тажен сум зошто го нема, пресреќен сум зошто го имав во животот. Човечиште во секоја смисла на зборот, бескрајно скромен и секогаш спремен да помогне. Новинар, еден од основачите на "Дневник". Ти благодарам што си ми татко, ти благодарам за СЕ!“, напиша тој на својот Фејсбук профил.
Богоев работеше во дневниот весник „Вечер“ и беше автор на текстови од областа на политиката. Кариерата ја продолжи како еден од тројцата основачи на весникот „Дневник“, во кој остана до пред затворањето на истиот.
Погребот ќе се одржи утре, среда, во 12 часот, на гробиштата во Бардовци, во дворот на црквата Света Троица.