Стан во Загреб станал хит на социјалните мрежи: 11 метри квадратни, ВЦ школка во туш кабината, цена - 280 евра

Точка

01/04/2022

12:46

17.099

Големина на фонт

а а а

Еден оглас за стан во Загреб не ги воодушевил многу корисниците на социјалните мрежи. Станот го сметаат за мал, бизарен, но пред се - неверојатно скап за тоа што го нуди...

Пазарот со недвижнини во Хрватска во последните години, се согласуваат експертите, а тоа добро го чувствуваат и граѓаните, дивее. На интернет форумот "Reddit" овие денови кај корисниците хит е едно станче во Загреб со вкупна површина од 11 м2. Станот се наоѓа во сутерен, огласот за него е поставен на популарната страница "Њушкало", а месечната кирија изнесува 280 евра.


„Станот има севкупно површина од 11 метри квадрати - една соба и се наоѓа во сутеренот на зградата. Опремен е со кауч со душек за спиење, машина за перење алишта, плоча за готвење, печка, мини фрижидер, ормари. Греењето е на струја и трошокот за греење зависи од тоа колку корисникот грее и троши. Режиските трошоци се плаќаат посебно и не се вклучени во цената на станот. Задолжителен депозит во висина од една месечна кирија“, стои во огласот.


Иако во наредниот период режиските трошоци ќе растат и некогаш помалото е подобро, социјалните мрежи не можат да најдат некоја позитивна работа за станот. Посебно ги згрозила бањата, во која, како што се гледа на фотографиите, вц школката е инсталирана во туш кабината. Две во едно, може да се каже.


„Ако е цената во куни, можеби ќе размислев“, гласи еден од најпопуларните коментари.

Корисниците "Reddit" коментирале дека сопственикот нагласува дека понекогаш и тој престојува во станот, а се јавила и девојка која се вселила и истиот дел се иселила од тој стан, бидејќи сопственикот таа вечер дошол да преспие во станот и негодувал што девојката го заклучила додека спиела.