132 илјади вработени во јавниот сектор - 73% Македонци, а 20% Албанци

Точка

31/03/2022

22:47

101.669

Големина на фонт

а а а

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити денеска го презентираше годишниот извештај за вработените во јавниот сектор за 2021 година.

Заклучно со 31 декември 2021 година, бројот на вработени во јавниот сектор изнесува 132.088 лица, кои својот работен ангажман го реализираат во 1.346 институции.

Од вкупниот број, 19.311 лица биле вработени во Армијата, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансиска полиција. За нив, во Извештајот не се прикажуваат детални анализи поради законски и безбедносни причини. Детална обработка и презентација на податоците се врши за преостанатите 112.777 вработени лица.

Министерот Алити истакна дека бројот на вработените во органите на државната власт, претставува само 13% од вкупната бројка на вработени во јавниот сектор, односно вработени се 15.302 од вкупно 132.088 лица. Најголем е бројот на вработени во дејноста образование со 33%, потоа здравство 19%, управата со 13%, па вработените во комуналните дејности на јавните претпријатија со 9%, дејноста детска заштита и социјална политика со 7 %.

Алити додаде дека анализата покажува оти најголем е бројот на вработени лица во дејноста образование, со 33 отсто, потоа во здравство 19 отсто, државната управа со 13 отсто, комуналните дејности на јавните претпријатија со 9 проценти од вкупниот број вработени…

Во споредба со истиот период лани, бројот на вработени во јавниот сектор е зголемен за 905 лица. Намалување на бројот на вработени има во органите на државната власт, каде во 2020 работеле 15.945 лица, а во 2021 година 15.302 што е намалување за 643 вработувања.

Во 2021 е зголемен број лица со високи образовни кфалификации, односно повеќе од половината од вработените во јавниот сектор имаат намалку високо образование. Од нив 4.753 се магистри и 2.575 се доктори на науки.

Од Извештајот може да се види дека поголем број од вработените или 55,3 отсто се жени, а 44,7 отсто мажи. Просечна возраст на вработените во јавниот сектор е 46 години. Во однос на етничка припадност на ниво на цел јавен сектор Македонците се застапени со 73,57 проценти, Албанците со 20,35, Турците со 1,95, Ромите 1,19, Србите со 1,07 проценти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг