Александра Шијакоска, една од најпознатите македонски инфлуенсерки по дијагностицирањето на тумор на главата, реши јавно да ја бие битката.
Откако на Инстаграм ги информираше фановите дека операцијата завршила добро и дека е пуштена од болница, вчера објави дека закрепнувањето не оди по планот и дека доживува потешкотии во тешката борба со болеста.

„Погодете кој е хоспитализиран повторно? Опоравувањето не одеше по планот и еве ме пак тука“, напиша на првото стори инфлуенсерката, а потоа додаде:

„Многу ми е тешко да се навикнам на новата беспомошна и психички нестабилна јас. Никако не можам да ја прифатам оваа ситуација. Ме боли душата. Празна ми е. Како огромна дупка. Ќе го чекам тој сончев среќен и убав ден со последните сили ако треба. Ќе чекам“, напиша вчера Шијакоска













