(Видео/Фото) Поради сомнеж за корупција приведен поранешниот премиер на Бугарија - Бојко Борисов?

Макфакс

17/03/2022

21:33

8.947

Големина на фонт

а а а

Бугарската полиција го приведе поранешниот премиер на Бугарија и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов. Информацијата ја пренесуваат бугарските медиуми.

Според новинарските извештаи, полицијата влегла и во домовите на други високи поранешни функционери. Објаснувањето од полицијата било „итна проверка“. Контроли се вршеле и во домовите на претставниците на големиот бизнис.

Информацијата, според извештаите, ја потврдиле и високи извори од новата влада, објави 24 часа. Во тек е голема операција низ државата, која е заедничка со Европското јавно обвинителство. Се проверуваат 120 досиеја, изјавил извор од кабинетот за медиумот.

Бугарските медиуми јавија дека се приведени Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната шефица на буџетската комисија Менда Стојанова.


Министерството за внатрешни работи, кое го најави неговото апсење, ја избриша веста од сопствената веб-страница, јавуваат тамошните гласила.

„Борисов не е приведен но во моментов се претресува неговиот дом“, ова го изјави Никола Николов од ГЕРБ.

10 полицајци се во неговиот дом и го претресуваат. Што се однесува до другите членови на ГЕРБ кои наводно се приведени, Николов рече дека оваа информација не е точна.


„Никој не е над законот“ напиша премиерот на таа држава, Кирил Петков на фејсбук како коментар на информацијата за апсењето на поранешниот премиер Бојко Борисов.

Няма никой над закона!

Posted by Kiril Petkov on Thursday, March 17, 2022

Според бугарските медиуми, акцијата е за 120 случаи на злоупотреба на средства од ЕУ.

Пред куќата на поранешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов се собраа голем број на граѓани и поддржувачи на Герб кои бараат правда за Бојко Борисов.


Тука е и неговиот адвокат Менко Менков на кој не му е дозволен влез во куќата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг